Феноменалниот Јокиќ дојде до 25-тиот трипл-дабл сезонава, но за малку ќе се степаше со противник (Видео)

Никола Јокиќ и понатаму е незадржлив за ривалите во НБА лигата. Српскиот центар во редовите на Денвер, го предводеше својот тим до победа над Мемфис од 113:97. Јокиќ на крајот имаше 18 поени, 18 скока и 10 асистенции што за него е 25-ти трипл-дабл сезонава.

Покрај блескавата игра на теренот, Јокиќ на овој меч за малку ќе се степаше на теренот и тоа по неспортскиот потег на Дилон Брукс. Кошаркарот на Мемфис во еден момент го повлече Јокиќ за рака, а потоа реагираше Јокиќ. Тогаш двајцата кошаркари влегоа во конфликт, а судиите им дадоа техничка грешка.

https://twitter.com/i/status/1631892168183803907

Денвер е убедливо најдобирот тим на Западната конференција со 45 победи и 19 порази, а вториот на табелата е токму Мемфис со 38 победи и 24 порази. Ако продолжи со ваква игра, Јокиќ многу веројатно дека ќе стигне до ново признание за МВП на сезоната во НБА.

Резултати од мечевите одиграни ноќеска во НБА: Шарлот – Орландо 106:117, Атланта – Портланд 129:111, Бостон – Бруклин 105:115, Чикаго – Феникс 104:125, Мајами – Њујорк 120:122, Оклахома – Јута 130:103, Денвер – Мемфис 113:97, Голден Стејт – Њу Орлеанс 108:99, Сакраменто – ЛА Клиперс 128:127, ЛА лејкерс – Минесота 102:110.

- Оглас -

Најнови вести