Кошаркарите на Сан Антонио спарс во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција ја совладаа Минесота тимбервулвс со 126-97 и поведоа со 3-2 во серијата која се игра до четири победи.
Виктор Вембањама натпреварот го заврши со 27 поени, 17 скока и пет асистенции, додека одлична поддршка имаше од Келдон Џонсон кој постигна 21 поен и запиша два скока. Де’Арон Фокс додаде 18 поени, пет асистенции и четири скока.
Добар настап имаше и Стефон Касл со 17 поени, шест асистенции и четири скока, додека двоцифрени беа и Дилан Харпер и Девин Васел со по 12 поени. Харпер додаде и 10 скока со две асистенции, а Васел запиша уште три скока и две асистенции.
Кај гостите, најдобар беше Ентони Едвардс со 20 поени, два скока и две асистенции. Џејден Мекдениелс и Џулиус Рендл постигнаа по 17 поени, додека Ајо Досунму мечот го заврши со 16 поени, девет скока и четири асистенции. Мекдениелс додаде шест скока и две асистенции, а Рендл запиша и 10 скока.
Двоцифрен кај Минесота беше и Наз Рид со 12 поени, пет скока и две асистенции.
Следниот натпревар се игра во Минесота, каде што Спарс ќе имаат можност да обезбедат пласман во финалето на Западната конференција.

