Дали е сон или јаве: во финалето на Отвореното првенство на САД ќе играат 150-тата и 73-тата на ВТА-листата

Тинејџерските сензации кои блеснаа на Отвореното првенство на САД, Канаѓанката Лејла Фернандес и Британката Ема Радукану, се пласираа во финалето на последниот гренслем-турнир годинава и го комплетираа чудото кое се најавуваше претходните десетина дена.

Во полуфиналето, 73-торангираната Фернандес ја победи втората носителка Сабаленка со 7-6, 4-6, 6-4. Радукану, која е дури 150-та на ВТА-листата, играше и квалификации, уште нема загубено ниту сет на Отвореното првенство на САД. Во полуфиналето лесно ја надигра 18-тата носителка Марија Сакари со 6-1, 6-4.

Лејла има 19, а Ема 18 години. Ова ќе биде прво гренслем-финале во новата тениска ера (од 1968 година наваму) во кое ќе играат две тенисерки кои не се носителки. Ниту кај мажите се нема случено вакво нешто. Тинејџерско финале на Отвореното првенство на САД за последен пат имаше во 1999, кога се сретнаа тогаш 17-годишната Серена Вилијамс и 18-годишната Мартина Хингис.

- Оглас -

Најнови вести