Феноменот повторно на шопинг: Ќе купува трет клуб

Бразилската фудбалска легенда Луис Назарио де Лима Роналдо планира да купи уште еден клуб во негова сопственост. Роналдо, кој е двократен светски првак со Бразил, а двапати ја освојуваше и Златната топка, веќе е газда на Валјадолид во Шпанија и Крузеиро во Бразил.

Според најавите, Роналдо сега е подготвен да инвестира и во Португалија, каде што сака да купи клуб што игра во третата лига. Популарниот Феномен сака да купи 75 отсто од акциите на Амора.

Роналдо во 2011 година се повлече од активното играње, а во кариерата беше дел од екипите на Коринтијанс, ПСВ Ајндховен, Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан.

- Оглас -

Најнови вести