Фер ли е вака? Тотенхем и Вест Хем бараат да се поништи цела сезона во Англија

Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да го прекине англиското првенство до 3 април, а два клуба од Лондон имаа и чудно барање на итниот состанок на главните авторитети во Премиер лигата.

Претставници на Тотенхем и на Вест Хем барале воопшто и да не се доигра сезоната во Англија и првенството да се поништи и прогласи за ништовно.

Во ваков случај Ливерпул би останал без првата титула од основањето на Премиер лигата и вкупно 19-та во историјата на англискиот фудбал, што без разлика на клупската припадност, апсолутно ја заслужија и би биле драстично оштетени.

Црвените од „Енфилд роуд“ имаат цели 25 бода предност на 9 кола до крајот на шампионатот. Иако Манчестер сити како второпласирана екипа има еден меч помалку, би било чудо што се случува еднаш во 100 години да ја загрози круната на лидерот во Англија.

- Оглас -

Најнови вести