Ферари има нов херој: Италијанците слават голема победа на Монца

Шарл Леклер е победник на трката во Монца за голема радост на сите навивачи на Ферари. Возачот на Ферари имаше уште еден перфектен викенд. Вчера ја освои пол позицијата, а денеска успеа да заврши прв, а зад него останаа Ботас и Хамилтон.

За Леклер ова е втора победа во помалку од 10 дена. Минатата недела тој стигна до првата победа во кариерата на патеката во Белгија, а сега го повтори истиот успех. Еден од клучните моменти беше грешката на Хамилтон во 44 круг, кога го загуби второто место, а Леклер потоа успеа да ја задржи предноста пред Ботас.

Вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел уште на почетокот на трката направи грешка, мораше да оди во боксот да одработи казна од 10 секунди и потоа бешена последното место. На крајот заврши на 13 место.

 

Макс Верстапен 185, Себастијан Фетел 182 бодови

 

- Оглас -

Најнови вести