Ферари најавува доминација на патеката во Австралија

Двајцата возачи на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер имаа најдобри времиња на двата денешни тренинзи на патеката во Мелбурн, за Големата награда на Австралија. На првиот тренинг Саинц имаше најдобро време, а веќе во втората тренинг-сесија, Леклер беше најбрз, со што двата возачи на Ферари најавија атак на првите две места, на неделната трка.

Возачите на Ред Бул беа единствени кои успеаја да го следат темпото на Ферари. Актуелниот првак Макс Ферстапен на втората сесија имаше второ најдобро време, додека Серхио Перес во првата тренинг-сесија заврши со трето најбрзо време.

Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон во првата рунда имаше седмо најбрзо време со 1,2 секунди заостанување зад најбрзиот, додека во втората сесија Британецот заврши дури на 13-тото место.

По две трки во новиот шампионат, лидер е Леклер со 45 бодови, пред клупскиот колега Саинц со 33, а потоа следуваат Ферстапен со 25 поени, Расел со 22, Хамилтон со 16 поени…

- Оглас -

Најнови вести