Ферари официјално ќе има најмлад тандем во последните 50-тина години

Шпанецот Карлос Саинс денеска официјално потпиша договор со кој во следната сезона ќе вози за тимот на Ферари во Формула 1. Саинс во Ферари доаѓа од Мекларен, а трансфер од Ред Бул во Мекларен направи Даниел Рикијардо.

Саинс потпиша двегодишен договор, а во 2021 година, кога ќе седне во црвениот болид, тој ќе има 26 години. Клупски колега ќе му биде 22-годишниот Шарл Леклер.

„Задоволен сум што од 2021 година Саинс ќе му се придружи на Ферари. Со петгодишно искуство, тој покажа дека е талентиран и перфектно се вклопува. Според талентот и персоналноста кои ги имаат Шарл и Карлос, мислиме дека оваа комбинација, која е најмлада во Ферари во последните 50 години, е најдобра за остварување на нашите цели“, рече директорот на Ферари, Матија Биното.

Саинс потсети дека пред него е важна година со Мекларен и дека исто колку што е возбуден што ќе вози за Ферари во 2021, посакува годинава да се трка за Мекларен. Шпанецот досега во Формула 1 само еднаш бил на подиум, па трансферот во Ферари ќе му биде шанса за првпат и да победи на некоја трка.

- Оглас -

Најнови вести