Ферари се разбуди во Бахреин, барем на тренинзите

Најавите дека Ферари ќе покаже друго лице во однос на првата трка во Австралија кога „црното коњче“ потфрли, почнаа да се остваруваат, барем на денешните тренинг сесии на патеката Шакир во Бахреин.

Себастијан Фетел беше за 35 илјадитинки побрз од клупскиот колега од Ферари, Шарл Леклерк, и се најдоа на првите две позиции на вториот денешен тренинг. Третопласираниот, Луис Хамилтон, заостана 603, а Валтери Ботас истотака од Мерцедес, имаше 711 илјадитинки послабо време од Германецот од Ферари.

На првиот слободен тренинг, најбрз беше Леклерк пред Фетел, зад нив беа Ботас и Хамилтон, па двата пилоти на Ред Бул. Гасли потфрли на вториот тренинг, па меѓу првите шест изненадувачки се најде Нико Хулкенберг од Рено спорт.

Официјалните квалификации на кои ќе се утврди редоследот по кој ќе стартуваат пилотите на неделната трка, се закажани за утре во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести