Ференцварош и Спировски ја прославија 30-тата титула во Унгарија (видео)

Ференцварош вчера ја прослави 30-тата јубилејна титула во Унгарија, а во шампионската забава, секако, учествуваше и македонскиот репрезентативец Стефан Спировски. Играчот за врска моментално закрепнува од повреда на менискусот со која се здоби кон крајот на ноември минатата година, но ова не смееше да го пропушти.

На грбот на Ференцварош ќе стојат три ѕвезди поради новата освоена титула, а како се одвиваше забавата и како беше претставен и пречекан на бината нашиот репрезентативец, можете да видите на следното видео.

Пред повредата, Спировски беше еден од клучните играчи на Ференцварош и оваа сезона запиша 14 настапи во унгарското првенсто, во кои постигна два гола.

Проблемите со менискусот го оневозможија Спировски да му помогне на својот тим во четврт-финалето од Купот во Унгарија, каде што Ференцварош загуби од МОЛ Види на Бобан Николов, а вториот македонски репрезентативец за пет дена со Види ќе се бори за титула во Купот против Хонвед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести