Ферлан Менди има неверојатна животна приказна

Францускиот лев бек Ферлан Менди, кој денеска беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, имаше многу трнлив пат додека да стигне до врвот. Неговата животна приказна е неверојатна и пример дека со упорност може од дното да се дојде до најголемите височини.

Кога имал 11 години, Менди останал без својот татко кој починал, а три-четири години подоцна по проблемите и операцијата на колкот, седум месеци бил во инвалидска количка и лекарите му рекле дека нема да може да оди. Менди не само што оди, туку е одличен фудбалер и ќе игра за најголемиот клуб и е член на репрезентацијата на светскиот првак. Поради тие стари проблеми со колкот, лекарскиот тим на Реал му правеше неколку тестови пред да биде утврдено дека сè е во ред и да биде потпишан договорот.

На своја 17-годишна возраст, Менди играл во четвртата француска лига, а дури на 20 години почнал да игра како професионален фудбалер. Беше отфрлен од ПСЖ, каде што осум години играше во младинските категории, по што замина во Ле Авр, од каде што преку Лион, дојде во Реал.

„Не ми беше лесен животот, но никогаш не се предавав. Горам од желба да се докажам, тоа е во мојот карактер“, вели Менди.

- Оглас -

Најнови вести