Фернандо Сантош: Мурињо би бил добра замена за мене како селектор на Португалија

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош, верува дека неговиот сонародник Жозе Мурињо би бил одлична замена за него кога ќе го напушти кормилото. Мурињо откако доби отказ од Тотенхем, сега е без работа, па се шпекулира и дека може да стане селектор после Еуро 2020.

„Кога ме повикаа да се најдам на оваа функција, претседателот на федерацијата ми рече дека дека сака да учествувам во проектот, а тој проект ќе трае барем до 2024 година. Дотогаш, посветен сум само на работата во националниот тим. После тоа можеме да зборуваме. Жозе Мурињо би бил добра замена за мене. Во Португалија има некои добри тренери кои би можеле да го продолжат мојот пат“ – изјави 66-годишниот Сантош кој важи за еден од најдобрите селектори на светот, бидејќи имаше добри резултати и со Грција, а со Португалија во 2016 година неочекувано ја освои европската титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести