Ферплеј или катастрофално изведена „Паненка“? (Видео)

Фудбалерот на Монпелје, Тежи Савание, толку лошо изведе пенал на мечот со Ница, што многумина се сомневаат дека намерно утнал, па и му честитаат за ферплејот.

Монпелје и Ница одиграа 0-0, а судијата му покажа (не)оправдан црвен картон на Данте за направениот пенал. Савание можеби имаше грижа на совест и не сакаше да даде гол од подарениот пенал. Ако причината за неуспешната Паненка е нешто друго, тогаш Савание веќе не треба да изведува пенали.

- Оглас -

Најнови вести