Ферстапен доминираше на квалификациите во Бахреин и најавува интересна Ф1 сезона

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за утрешната трка на патеката Сахир во Бахреин на стартот на сезоната во Формула 1, и најави голема борба за титулата со пилотите на Мерцедес, кои денеска на квалификациите беа на второ и трето место.

Ферстапен беше најдобар и вчера на слободните тренинзи, а оствари одличен резултат во битката за пол-позицијата, и ќе биде фаворит за триумф на утрешната трка.

Луис Хамилтон имаше прилично големо заостанување зад Ферстапен, од 388 илјадити делови од секундата, а Валтери Ботас финишираше со 589 илјадитинки послабо време од Холанѓанецот.

Карлос Сајнц кој дебитира за Ферари беше осми, веднаш зад него е повратникот Фернандо Алонсо со болид на Алпајн, а новото име во Ф1, Мик Шумахер, синот на славниот Михаел Шумахер, беше претпоследен, послабо време од него имаше само неговиот клупски колега од Хас, Мазепин.

- Оглас -

Најнови вести