Ферстапен ќе им ја расипува забавата на Британците, но дождот може да ги „измеша“ работите

Денешните квалификации на патеката Силверстоун може да бидат многу интересни и неизвесни, со изненадувања, доколку дождот продолжи да врне и за време на битката за пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Велика Британија.

Освен што е врнежливо, во Силверстоун е и ладно, температурата е само 11 степени.

Фаворит на хартија за освојување на пол-позицијата е шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул, а главни ривали треба да му бидат Британците Ландо Норис, Џорџ Расел и Луис Хамилтон кои ќе бидат мотивирани за добар резултат на домашен терен, изненадување ќе бараат и Оскар Пјастри од Мекларен и пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс.

Според квотите во Sport Life, Норис е главен конкурент на Ферстапен за пол-позицијата.

Може да се обложите и на пол-позиција со победа, а одлична квота од 5.00 има за трилингот Ферстапен да биде најбрз во квалификациите, да победи на трката и да има најбрз круг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести