Ферстапен ќе стартува прв на трката што ќе го реши првакот

Макс Ферстапен ќе стартува од пол позицијата за утрешната награда на Абу Даби. Оваа трка ќе го реши новиот првак во Формула 1 шампионатот.

Холандскиот возач имаше време од 1.22.109 минута и за нешто повеќе од три десетинки беше побрз од неговиот најголем ривал Луис Хамилтон. Британецот ќе биде веднаш до Ферстапен што значи дека од самиот старт ќе има жестока битка меѓу двајцата возачи кои се во трка за титулата.

За Ферстапен ова е 13 пол позиција во кариерата, а 10-та во оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести