Ферстапен: Сакам да го купам Ферарито на Шумахер, има историска вредност!

Трикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, откри дека сака да го купи последниот болид на Ферари кој го возеше славниот Михаел Шумахер.

Ферстапен кој доминира во болид на Ред Бул, секогаш велел дека нема идоли, но му се воодушевува на седумкратниот првак кој со црвениот болид на Ферари освои пет титули.

„Сакам еден ден да го имам Ферарито на Шумахер како сувенир. Има историска вредност“ – рече Ферстапен, кој со Ред Бул има договор до 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести