Ферстапен сега и не е толку голем фаворит да биде прв

Формула 1 шампионатот денеска ја започнува втората етапа од новата сезона, а предизвик е Големата награда на Саудиска Арабија. Вечерва од 18 часот ќе се возат квалификациите, а очекувано прв фаворит е актуелниот првак Макс Ферстапен.

Сепак, ако се погледнат коефициентите, холандскиот возач може и да не е толку доминантен како што се навикнавме да го гледаме во изминатава година. Како главни ривали за пол-пизицијата му се двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц. Тука е и Серхио Перес кој е партнер на Ферстапен во Ред Бул.

Одлично шанси се даваат и на некогашниот светски првак Фернандо Алонсо, па ова може да бидат многу возбудливи квалификации.

- Оглас -

Најнови вести