Ферстапен со хет-трик пол-позиции, ќе биде главен фаворит за победа и на Гран-При Австрија

Макс Ферстапен и по третпат по ред ќе стартува од пол-позицијата, отако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Австрија.

Холанѓанецот ќе се обиде да направи и хет-трик победи, откако успеа да ги искористи претходните две пол-позиции за триумф.

Ферстапен го возеше и најбрзиот круг денеска, а зад него ќе стартуваат Ландо Норис од Мекларен и неговиот клупски колега Серхио Перес од Ред Бул.

Двата адути на Мекларен, Луис Хамилтон и Валери Ботас завшија на четвртото и на петтото место во квалификациите.

Трката за Големата награда на Австрија што е деветта по ред во овој циклус на Формула 1 ќе се вози утре од 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести