Ферстапен со победа ја спушти завесата на сезоната во која само на три трки не триумфира 

Старо-новиот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен ја оствари 19-та победа сезонава откако триумфира на трката која се возеше за Големата наградаа на Абу Даби.

Ова воедно беше 54-та победа во кариерата за возачот на Ред Бул, и изби на третото место на возачи со највеќе победи во историјата на Формула 1. Пред него се само Луис Хамилтон со 103 победи и Михаел Шумахер кој има 91 победа.

https://twitter.com/i/status/1728783816657924512

Второто место му припадна на Шарл Леклер кој заостана дури 18 секунди зад победникот, додека на третото место заврши возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес трката ја заврши со второ најдобро време, но поради казната од пет секунди, испадна од победничкиот подиум.

 

- Оглас -

Најнови вести