Ферстапен со победа ја започна обраната на титулата, но херој на денот е Фернандо Алонсо (Видео)

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен, славеше на првата трка во новата сезона што се возеше за Големата награда на Бахреин.

Доминацијата на возачите на Ред Бул, ја потврди и Мексиканецот Серхио Перес кој го освои второто место. Последното место на победничкиот подиум му припадна на поранешниот шампион, Фернандо Алонсо кој беше херој на денот и извозе фантастична трка.

Ферстапен кој стартуваше од пол-позицијата, во ниту еден момент не ја испушти лидерската позиција и на крајот сосема заслужено победи.

Битката за второто место беше решена во 26-тиот круг кога Серхио Перес го помина Шарл Леклер и се врати на позицијата од која ја стартуваше трката.

Леклер, пак го потврди епитетот на најмалерозен Формула 1 возач бидејќи во 41-от круг ја заврши трката бидејќи му се изгаси болидот.

Потоа на сцена стапи двокрантиот светски шампион, Фернандо Алонсо кој вози за Астон Мартин.

Шпанецот прво го помина Луис Хамилтон во битката за четвртата позиција, а во 46-от круг дојде на третото место откако го помина и возачот на Ферари, Карлос Саинс.

https://twitter.com/i/status/1632416260762771456

До крајот на трката, Алонсо не успеа да ги загрози водечките болиди на Ред Бул, а бодови освоија уште и Карлос Саинс, Луис Хамилтон, Ленс Строл, Џорџ Расел, Валтери Ботас, Пјер Гасли и Алекс Албон.

- Оглас -

Најнови вести