Ферстапен со провокација до Хамилтон: Нивниот болид не е лош, Расел завршува четврти, а Луис е на дното

Луис Хамилтон има очаен старт во новата сезона, каде што е далеку зад ривалите коишто се борат за самиот врв. Седумкратниот светски првак со болидот на Мерцедес, на последната трка во Имола заврши на 14-тото место, додека, за споредба, неговиот клупски колега Џорџ Расел заврши под број четири.

Сето тоа беше доволно за лутиот ривал Макс Ферстапен, којшто е актуелен освојувач на титулата, да даде провокативна изјава.

„Сите велат дека болидот на Хамилтон е очаен, но Џорџ Расел со истиот болид завршува четврти, така што сметам дека не е главниот проблем, но јасно е дека имаат тешкотии со болидот.

Имав големи битки со Луис изминативе години, а се надевам дека така ќе биде и во иднина“, изјави Ферстапен.

Викендов во Формула 1 на програмата е трката за Големата награда на Мајами.

- Оглас -

Најнови вести