Актуелниот шампион и возач на Ред Бул, Макс Ферстапен триумфира на втората спринт трка сезонава во Ф1 шампионатот која се возеше во Австрија.
Ова е втора година по ред, Ферстапен да биде најдобар на спринт трката на „Реб Бул ринг“ во Шпилберг и вкупно четврта победа на спринт трките воопшто.
На второто место се пласира вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес, додека третопласиран беше Карлос Саинс јуниор од Ферари. Главната трка за Големата награда на Австрија ќе се вози утре од 15 часот.