Ферстапен победи во Франција, во Ферари вриштеа од бес по киксот на Леклер (Видео)

Макс Ферстапен е победник на трката за Големата Награда на Франција на патеката „Пол Пикар“, а малер на денот е Шарл Леклер.

Трката беше значајна и по 300-от настап на Луис Хамилтон, кој го освои второто место, а трет е Британецот Расел.

Ферстапен уште еднаш искористи голем кикс на главниот ривал Леклер, кој сам се изврте на патеката со болидот на Ферари и удри во ѕидот со гуми во 19-от круг што значеше и крај на трката за него.

https://twitter.com/sportbible/status/1551202973606453250?s=20&t=OZmBbYMSFNktA6G7cz3opQ

Реакцијата на тимот на Ферари што е снимена и објавена е хит на социјалните мрежи.

https://twitter.com/rexnobowdclxvi/status/1551205127981305857?s=20&t=OZmBbYMSFNktA6G7cz3opQ

Актуелниот светски првак Ферстапен потоа немаше проблеми, а одлично возеше и 7-кратниот светски првак Хамилтон, кој беше втор во јубилејната 300-та трка за него во Формула 1.

Расел е трет, а во топ-5 се и Серхио Перес и Карлос Саинц.

- Оглас -

Најнови вести