Фешта на „Пољуд“ – Калиниќ даде злато вреден гол со којшто Хајдук го победи Динамо Загреб (ВИДЕО)

Хајдук Сплит славеше во големото хрватско дерби против Динамо Загреб со 1:0 во заостанатиот меч од деветтото коло од првата хрватска фудбалска лига.

Како што и му доликуваше на најголемото хрватско дерби, имаше голема борба на теренот, а на трибините на „Пољуд“ навивачите направија навистина одлична атмосфера.

Таа еруптираше во 63-тата минута, кога Никола Калиниќ ја погоди мрежата на Динамо Загреб, за којшто настапија Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Со оваа победа, Хајдук се враќа во трката за титула во хрватското првенство и сега има 62 бода по 31 одигран натпревар и тимот е под местото број три.

Напред останува Динамо Загреб со 66 бода, додека на втората позиција е Осијек со 64 бодови.

Следува повеќе…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести