„Фештата“ со 12 гола во Сента се врежа во историјата на европските натпреварувања (видео)

Стеауа Букурешт вчера славеше во невидената голеада на гостувањето кај Бачка Топола во Сента по изведување на пеналите со 5-4. Двете екипи не можеа да го одредат победникот по 120 минути, односно нерешените 6-6, по што Романците беа перфектни во пенал-рулетот и обезбедија пласман во следната рунда, а дуелот се врежа во историјата на клупскиот европски фудбал.

Имено, Бачка и Стеауа се првите екипи во историјата на европските натпреварувања (не се смета Интертото куп) кои постигнале барем по пет гола во меѓусебен дуел. Во повеќе од 24.000 натпревари на меѓународната сцена, досега не е виден учинок од по шест гола на двете екипи во една пресметка.

https://www.youtube.com/watch?v=2pFw295xSGA

Вистинска драма приредија екипите на Бачка и Стеауа, посебно домаќините кои играа со еден, па и со двајца играчи помалку и успеваа да реализираат четири, односно шест гола броејќи ги дополнителните 30 минути. Бачка со 10 играчи на теренот имаше предност од 2-1 во првиот дел, по што гостите израмнија на 3-3 до 63-тата минута.

Во третата минута од судиското надополнување, Балаз си даде автогол за водство од 4-3 во корист на гостите, меѓутоа веќе во следниот напад Томановиќ израмни на 4-4 и изнуди продолженија. На самиот почеток Бачка доби и втор црвен картон, но и со деветмина фудбалери домаќините реализираа уште два гола, исто колку и Стеауа, па во пенал-рулетот Бањац промаши за тимот од Сента, по што Стеауа се пласира во наредната рунда од Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести