Фетел дисквалификуван, го загуби второто место на унгарското Гран при

Формула 1 го дисквалификува Себастијан Фетел по чудната трка за Големата награда на Унгарија, по што возачот на Астон мартин го загуби второто место и освоените 18 бода.

Причината за дисквалификацијата е што во неговиот болид немало доволно гориво по трката, а потребно е барем еден литар за да се земе примерок за испитување. Според извештајот, во резервоарот на болидот од Фетел останало околу 300 милилитри, за што Астон мартин тврди дека не е точно и ќе поднесе жалба во наредните 96 часа со нагласување дека ќе докаже дека во болидот е останато доволно гориво за испитување.

Суспензијата на Фетел значи дека Луис Хамилтон оди едно место погоре, односно го презема второто место од четирикратниот светски првак, додека третото место на подиумот му припадна на Карлос Сајнц од Ферари.

За Фетел ова беше втор подиум сезонава откако и во Азербејџан го освои второто место, но сепак вицешампионската позиција на унгарското Гран при на кое славеше Окон, нема да му се важи.

- Оглас -

Најнови вести