Фетел ги насмеа сите во Силверстон: Пропаднав во истата дупка, знаете дека пак ја утнавте работата

Себастијан Фетел е далеку од формата од најдобрите денови кога четири сезони по ред од 2010 до 2014 беше светски првак во Формула 1, но потврди дека не го загубил смисолот за хумор и дека нема влакно на јазикот.

На стартот од денешната трка во Силверстон четирикратниот светски првак од Германија имаше многу проблеми, какви што сезонава повторно има и неговиот тим Ферари.

Фетел заглави на патеката, потоа успеа да се врати, доволно само за 13. место во Силверстон, а веднаш им упати критика на луѓето од Ферари, кои требаше да му помогнат да бие битка за многу подобри позиции.

„Знаете дека заглавив во дупката што ја анализиравме цело утро пред трката. Јас ќе се извлечам оттаму, но и да знаете дека вие сте виновни“, им рече на техничарите на Ферари, Себастијан Фетел.

Денеска тој беше далеку од врвот, а победи Марк Ферстапен од Ред Бул со одлична трка, прекинувајќи ја доминацијата на актуелниот светски првак Луис Хамилтон.

Британецот беше втор, а на подиумот имаше место и за Валери Ботас, вториот пилот на Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести