Фетел го тресна „ферарито“ во ограда, за среќа не се повреди (видео)

Вториот ден од вторите тестирања во Барселона не започна добро за Ферари. Себастијан Фетел со својот болид се заби во бариерата при еден свиок и не ги заврши тестирањата.

Од италијанскиот тим велат дека настанале механички проблеми при возењето, додека Фетел го пренеле во болница за преглед, а откако било утврдено дека нема повреди, четирикратниот првак набрзо се вратил во гаражата на Ферари.

Болидот претрпел оштетувања, па мораше да интервенира влечната служба за да го тргнат возилото од патеката.

- Оглас -

Најнови вести