Февруари го најави новиот шампион на Премиер лигата

Премиерлигашката титула од рацете на Ливерпул ќе премине во Манчестер, и тоа најверојатно кај Сити, кој на 12 кола до крајот на сезоната има, се чини, недостижни 12 бода предност пред градскиот ривал Јунајтед.

А пред само 40-тина дена, поточно на 20 јануари, Црвените ѓаволи имаа два бода повеќе од Граѓаните. Потоа тимот на Оле Гунар Солскјер собра само 10 бода (четири нерешени, две победи и еден пораз) во седум кола, а екипата на Пеп Гвардиола максимални 24 бода од осум меча.

Оптимизмот на Манчестер јунајтед дека може да освојат прва титула во пост-Алекс Фергусон ерата беше голем во средината и кон крајот на јануари, но февруари беше месецот во кој се вратија во реалноста и изгледа февруари е клучен месец кој ќе го одлучи победникот во трката за пехарот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести