ФФМ ги одреди премиите за победата над Италија и за прво место во групата од Лигата на нациите

Фудбалската федерација на Македонија донела одлука со која машката репрезентација ќе биде наградена со премија од околу 300.000 евра за победата над Италија од баражот за СП.

Сите од тимот, стручниот штаб и останатите официјални лица кои беа во Палермо, неофицијално ќе добијат по 10.000 евра! Овие парични средства се од касата на ФФМ, Федерацијата нема да добие ништо од ФИФА за таа победа.

Пред почетокот на новата фаза од Лигата Ц во Лигата на нациите, македонските репрезентативци ќе имаат и финансиски мотиви да бидат први во групата во која сме заедно со Бугарија, Гибралтар и Грузија. Фудбалерите имаат премија од околу 500.000 евра за прво место во групата. Ако бидеме први, ФФМ од УЕФА ќе добие околу 1,5 милиони евра!

- Оглас -

Најнови вести