ФФМ ги одреди цените на билетите за мечот Македонија – Бугарија

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука цената на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Бугарија од Лигата на нациите кој ќе се одигра на 26 септември, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, да биде 250 и 350 денари.

Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTikets, а едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на документи за идентификација.

- Оглас -

Најнови вести