ФФМ предложи три можни сценарија за завршување на сезоната 2019/20 во Првата лига на Македонија. Денес се одржа вториот состанок на раководството и прволигашите, кои пак до 18 часот денес треба да се изјаснат кој од дадените предлози најмногу им одговара, додека конечната одлука ќе припадне на Федерацијата.
– Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плејоф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плејофот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плејаут (последнопласираните четири екипи по завршување на третиот круг) СО ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плејаут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во европските натпреварувања на УЕФА.
– Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.
– Прекин на првенството и Купот на Македонија.