ФФМ го одложи годишното Собрание

Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата на Македонија поврзани со заштита и превенција од Коронавирусот, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на Редовното годишно Собрание кое беше закажано за 21 март.

„Јавноста и фудбалското семејство навремено ќе бидат известени за терминот за одржување на редовното годишно Собрание, кој дополнително ќе се утврди.

Имајќи го предвид, пред сè здравјето на фудбалерите, гледачите и сите други фудбалски актери, Фудбалската федерација на Македонија постојано ја следи ситуацијата со Коронавирусот и постапува согласно препораките на јавноздравствените институции“, стои во соопштението на Федерацијата, каде што со нетрпение се чека утрешниот ден, кога ќе се знае дали дуелот со Косово од Лигата на нациите ќе биде одложен.

- Оглас -

Најнови вести