ФФМ го одреди датумот и местото на одигрување на финалето на Купот

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука финалето од Купот на Македонија во сениорска конкуренција да се одигра на 19-ти мај 2021 година на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

За пехарот ќе се борат Академија Пандев која е последен освојувач на Купот на Македонија, откако го освои трофејот во 2019 година, додека лани не се одржа финалето поради пандемијата на вирусот. Силекс по две ипол децении повторно има шанса да го освои овој трофеј.

Финалните натправари од Купот на Македонија во младински конкуренции ќе се одиграат на 25-ти мај 2021 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

УО на ФФМ донесе одлука и за започнување на активности за промена на вештачката трева на помошниот терен на стадионот во Ѓорче Петров;

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести