ФИФА денеска ќе го исфрли Еквадор од Мундијалот, дали ова ќе биде среќен ден за Италија?

Според најавите на голем број светски угледни медиуми, Светската фудбалска федерација (ФИФА), денеска ќе донесе одлука репрезентацијата на Еквадор да биде исфрлена од Светското првенство во Катар, поради тоа што тамошната фудбалска федерација прекршила дел од правилата.

Веќе неколку месеци трае скандалот во еквадорскиот фудбал, а се работи за регистрација на фудбалер кој настапил во квалификациите, а немал право на тоа.

Чилеанците поднесоа тужба против Еквадор за играчот Бирон Кастилјo. Тие доставија докази дека документите на Кастилјo се фалсификувани и дека тој всушност е Колумбиец, а не Еквадорец. Не се точни ниту информациите за неговото раѓање, па во ФИФА има доставено доказ дека тој е роден во Тумаку во Колумбија во 1995 година, а не како што стои во документите од Еквадор, каде како роден град е запишан Генерал Виламил Плајас во 1998 година.

Еквадор заврши на четвртото место во јужноамериканските квалификаци и со тоа обезбеди директен пласман на Мундијалот, но ФИФА денеска најверојатно ќе ја исфрли оваа селекција од планетарниот собир кој се игра во ноември и декември во Катар.

Како замена за Еквадор на место на Мундијалот се надеваат три селекции. Чиле е таа која ја откри целиот овој скандал со фудбалерот на Еквадор, потоа Колумбија која заврши на првото место под границата во квалификациите за пласман на СП, како и Италија, која има најдобар ФИФА ранкинг, а не се пласирала на Мундијалот.

Еквадор е во групата А од СП заедно со домаќинот Катар, Сенегал и Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести