ФИФА ги објави номинациите за фудбалер на годината во изборот на ФИФА

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, ја објави листата на кандидати за признанијата „The Best“, а најинтересен е списокот од 11 потенцијални добитници на наградата за најдобар фудбалер во 2021 година.

Лани ова признание го доби Роберт Левандовски, а Полјакот повторно е на листата на кандидати. Церемонијата на свеченото доделување ќе биде на 17-ти јануари.

Фудбалерот на годината ќе се бира меѓу: Карим Бензема, Кевин Де Бројне, Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд, Нголо Канте, Жоржињо, Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, и Мохамед Салах.

За тренер на годината, номинирани се Антонио Конте, Ханси Флик, Хосеп Гвардиола, Роберто Манчини, Лионел Скалони, Диего Симеоне и Томас Тухел.

За најдобар голман во 2021, кандидати се: Алисон Бекер, Џанлуиџи Донарума, Едуард Менди, Мануел Нојер и Каспер Шмајхел.

- Оглас -

Најнови вести