Следната година во САД ќе се одржи првото проширено Светско клупско првенство со 32 екипи. Иако клубовите, а пред се фудбалерите, не се расположени за играње на вакво првенство, тоа ќе се одржи и ќе биде генерална проба пред Светското првенство кое една година подоцна ќе го организираат САД, Канада и Мексико.
Светското клупско првенство ќе се игра на 12 стадиони во 11 града, а ФИФА одлучи финалето да се одржи на стадионот во предградието на Њу Џерси, Ист Рутерфорд. На истиот стадион ќе се игра и финалето на Светското првенство во 2026-тата.
До сега се познати 30 од 32 екипи кои ќе учествуваат, а преостанатите два ќе бидат победникот на Копа Либертадорес од оваа сезона, како и клубот домаќин кој треба да го одреди организаторот.