ФИФА го смени стадионот на којшто требаше да се игра финалето од Светското клупско првенство

ФИФА приморано го смени стадионот на којшто ќе се игра финалето од Светското клупско првенство во Катар. Наместо во Доха, финалето ќе се одржи на Националниот стадион во Калифа, кој има капацитет од 48.000 седишта.

Стадионот во Доха уште е во изградба и најавите се дека нема да ги помине сите инспекции навреме, знаејќи дека треба да биде подготвен за дуелите на 18 и 21 декември. Остана малку време да се исполнат сите критериуми, па затоа ФИФА реагираше за да нема дополнителни компликации.

Стадионот во Калифа веќе е проверен и ги исполнува сите услови за да се одржи финалниот настан, бидејќи претходно годинава успешно се одржа Светското првенство во атлетика.

Ливерпул како европски првак е фаворит за светската круна, а најголем конкурент во евентуалното финале може да биде јужноамериканскиот и бразилски шампион Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести