ФИФА ја објави причината за смртта на докторот кој почина на мечот Нигерија – Гана

Замбискиот доктор Џозеф Кабунго, кој почина за време на натпреварот Нигерија – Гана од квалификациите за Светско првенство, починал од срцеви проблеми, објавија официјално од ФИФА.

Имаше шпекулации дека доктор Кабунго, кој беше службено во Нигерија, настрадал во нередите по мечот во Абуџа, каде што полицијата користеше и солзавец за да ги растера разулавените фанови.

Вистината е дека малку по завршувањето на мечот, му се слошило и починал како резултат на срцев удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести