ФИФА официјално отвори истрага против Еквадор, Перу и Италија чекаат да бидат повикани на СП!

Светската фудбалска федерација, ФИФА, потврди дека е отворена истрага за можното фалсификување документи, кое може да го чини Еквадор губење на местото како учесник на Мундијалот во Катар.

Чилеанската федерација упати жалба до Дисциплинскиот комитет на ФИФА, и обвини за фалсификување документи околу националноста на Бајрон Давид Кастилјо Сегура. Кастилјо играше на осум мечеви од квалификациите за СП. Според Чилеанците, Кастилјо не е роден во Плајас, Еквадор во 1998 година, туку во колумбискиот град Тумако и тоа во 1995 година.

Ако Еквадор биде прогласен за виновен и исфрлен од СП, тогаш ФИФА ќе треба да најде друга селекција. Први на редот во чекалната се Перу како нареден на табелата во Јужна Америка кој не оди директно на СП (треба да играат бараж против Австралија), и Италија како најдобро пласирана на ФИФА листата од тие што не се пласираа на СП. Ако Перу директно оди на СП, тогаш Чиле ќе треба да игра бараж против Австралија, па затоа Чилеанците ја поднесоа жалбата за Кастилјо.

Но, тука се и други проблеми. Еквадор беше во четвртиот шешир при ждрепката, а Перу ако обезбедеше место, би бил во третиот. Опцијата да биде повикана Италија како највисоко рангирана на ФИФА листата, не е реална во моментов, но којзнае.

Еквадор на Мундијалот во ноември и декември, треба да биде во група со домаќинот Катар, Холандија и Сенегал.

- Оглас -

Најнови вести