ФИФА пресече: Кардиф ќе мора да му плати на Нант за трансферот на Сала

Светската фудбалска федерација, ФИФА, донесе одлука дека клубот од главниот град на Велс, Кардиф, ќе мора да му ја исплати целата сума на Нант за трансферот на трагично загинатиот Емилијано Сала.

Кардиф веќе имаше платено 6 милиони евра од вкупно 17 милиони евра колку што изнесуваше трансферот, но одбиваше да го плати остатокот, бидејќи аргентинецот загина во авионска несреќа на пат кон Велс.

Според одлуката на ФИФА, сега Кардиф ќе мора да ги плати и останатите 11 милиони евра.

Емилијано Сала загина во авионска несреќа која се случи на 21-ви јануари 2019-тата година, на само 28-годишна возраст, во близина на англискиот остров Олдерни. Од тогаш трае и спорот на Кардиф и Нант околу обесштетувањето кое требаше да биде платено за фудбалерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести