ФИФА пресуди: Кардиф мора да ја плати првата рата од трансферот на починатиот Сала

ФИФА пресуди во корист на францускиот прволигаш Нант околу спорот со Кадриф за трансферот на Емилијано Сала. Аргентинскиот напаѓач кој во јануари годинава трагично го загуби животот во авионска несреќа требаше да биде големо засилување за тогашниот премиерлигаш, па за неговите услуги со Нант се договорија за сума од 15 милиони фунти.

Бидејќи Сала никогаш не запиша официјален настап за Кардиф, управата на велшкиот клуб не сакаше да ја исплати договорената сума. Откако ФИФА ги презеде работите во свои раце, одлучено е дека Кардиф мора да ја плати првата рата од 5,3 милиони фунти, односно 6 милиони евра.

Несуденото засилување на Сините птици почина на 28 години откако авионот со кој патуваше од Кардиф кон Нант по потпишување на соработката се урна во каналот Ле Манш.

 

- Оглас -

Најнови вести