Смртта на Сала опасно ги скара Кардиф и Нант

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, ќе го разрешува спорот меѓу Кардиф и Нант за тоа дали треба да се плати сумата од 15 милиони фунти, колку што изнесуваше трансферот на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала.

Аргентинецот потпиша договор со Кардиф и на последното збогум со соиграчите од Нант настрада при летот кон Англија.

Потоа почна и спорот меѓу Кардиф и Нант, а и двете страни приложија документи во ФИФА откако не успеја да се разјаснат кој кому, колку и дали должи пари за трансферот на починатиот фудбалер.

Нант ги предаде документите во февруари, а вчера и Кардиф го стори тоа. Велшкиот клуб што игра во Премиер лигата наведе дека договорот за трансферот не е легално заведен и дека Сала не бил регистриран како фудбалер во Премиер лигата.

Нант го има договорот за продажба на фудбалерот, а на крајот решението е ФИФА да пресече дали и колку Кардиф треба да му плати на Нант.

- Оглас -

Најнови вести