Трагедијата потврдена: Телото е на Емилијано Сала

Телото кое во средата наутро беше најдено на дното од каналот Ла Манш е идентификувано, Емилијано Сала го загуби животот во авионската несреќа која се случи на 21-ви јануари. Ова го потврди британската полиција по извршената обдукција на телото кое го најдоа во урнатините од авионот.

Со тоа оваа трагедија го дочека непосакуваниот епилог, потрагата за Сала траеше повеќе од една недела. Аргентинецот патуваше од Нант кон Кардиф, каде што требаше да го облече дресот на „сините птици“ и да биде рекордно засилување на клубот, приказна која заврши со несреќен крај.

 

- Оглас -

Најнови вести