Трагедија на повидок: Исчезна авионот во кој беше најскапиот играч на Кардиф

Емилијано Сала е аргентинскиот напаѓач кој само пред неколку дена го комплетираше трансферот од 17 милиони евра и од Нант се пресели во Кардиф. Сала сезонава играше одлично во дресот на Нант и даде 13 погодоци, што беше знак за негов трансфер.

Кардиф, кој се бори за опстанок во Премиер лигата, реши да потроши 17 милиони евра, а со тоа Сала стана и најскап играч во клупската истрија. Аргентинецот заминал во Нант за да се поздрави со своите доскорешни соиграчи, а синоќа се качил во мал авион пајпер и тргнал назад кон Кардиф.

https://twitter.com/afpfr/status/1087637723622584322

Сепак, авионот не стигнал во Нант и исчезнал од радарот. Во малиот авион биле само пилотот и Сала. Според агенцијата Франс Прес, авионот го снемало од радарот додека летал над Англискиот канал, кој ги дели Англија и Франција. Спасувачките екипи трагаат по двајцата кои биле во авионот.

- Оглас -

Најнови вести