ФИФА со нов план, СП да се игра на секои три години!?

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е со идеја Светското првенство да се одржува на секои три години, а не како што е досега, на четири години, пишува англискиот Дејли мејл.

Инфантино бил охрабрен од успехот на првенството во Катар и првиот човек на ФИФА смета дека првото есенско светско првенство покажало дека фудбалот може уште да расте и да се развива. Турнирот во Катар донел и рекорден приход од седум милијарди евра, што е речиси за милијарда евра повеќе од Мундијалот во Русија во 2018 година.

„Планот на Инфантино е Светско првенство да има на секои три години, а во преостанатите две години да гледаме Светско клупско првенство и континентални натпреварувања како што е Европското првенство“, пишува британскиот весник.

Промената сигурно нема да се случи пред 2030 година затоа што веќе календарот е дефиниран, а таа 2030 година треба да биде и прослава на јубилеј 100 години од првото Светско првенство. Инфантино најави дека неговиот план е да биде претседател на ФИФА до 2031 година, што значи дека има доволно време да го реализира овој план, Светско првенство да има на секои три години.

- Оглас -

Најнови вести