ФИФА утре ќе ја објави историски најтешката одлука по која ќе има многу незадоволни

ФИФА има рок до 14 јуни да донесе одлука дали ќе го исфрли Еквадор од Светското првенство во Катар поради скандалот со фудбалерот Бајрон Кастилјо, а мексиканската телевизија „Ацтека“ објави дека Еквадор уште утре ќе биде исфрлен.

Проблемот на Еквадор е што нивниот играч Кастилјо наводно е роден во Колумбија и има лажни еквадорски документи, во еквадорските регистри нема негови отисоци од прсти и немал право да игра во квалификациите. Жалбата ја поднесе Чиле, доказите требаше да се достават до вчера, а Чилеанците се сигурни дека ако Еквадор биде исфрлен од СП, тие ќе влезат на негово место.

Чиле беше дури седми на табелата, но ако сите мечеви на кои играше Кастилјо се регистрираат со 3-0 за противниците на Еквадор, тогаш Чиле би зел нови шест бода и би ги прескокнал Перу и Колумбија. Перу на 13 јуни ќе игра бараж против Австралија.

Има уште една опција, на Мундијалот да влезе Италија како најдоброрангирана селекција од тие што не обезбедија учество.

ФИФА е пред тешка одлука, што и да реши, ќе има незадоволни и жалби до судовите. Ако нема доволно докази против нив, може и Еквадор да остане учесник на СП. Еквадорците на ждрепката за СП беа извлечени во група со Катар, Сенегал и Холандија.

- Оглас -

Најнови вести