ФИФА вели да не им верувате на своите очи, стадионите во Катар се исполнети 94 отсто

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави дека 94 отсто од капитетот на сите стадиони бил исполнет на натпреварите во првото коло од Мундијалот во Катар.

ФИФА со оваа порака како да сака да им каже на сите фанови „не им верувајте на своите очи“, бидејќи сликата што го обиколи светот преку ТВ екраните покажува нешто сосема друго. ФИФА исто така објави дека бројот на продадени билети на Светското првенство ја помина бројката од три милиони.

Дуелот на „Лусаил Ајконик“ стадионот меѓу Бразил и Србија (2:0), беше беше најпосетениот натпревар од првото коло со 88.103 навивачи на трибините.

Се чини дека ФИФА и тука ја утна работата бидејќи организаторот официјално објави дека капацитетот на „Лусаил Ајконик“ е помал за 8.103 места од тоа што го тврди светската куќа на фудбалот и изнесува точно 80.000 седишта.

Сепак, ФИФА дури денеска објави дека капацитетите на поединечните стадиони варираат од натпревар до натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести