Филаделфија „изгоре“ во пламенот на Калгари

Калгари флејмс издвои триумф над Филаделфија флаерс по продожението со конечни 6-5 за преземање на лидерската позиција на Западот. Гостите добро го намачија фаворитот, по два периоди имаа водство од 4-3, но притисокот на Калгари се исплатеше, па со два гола во последните две минути во третата третина изнудија да се игра продолжение.

За решавачкиот гол не им беше потребно многу време, по само 35 секунди игра Гудро го смести пакот во мрежата за славје во „Скотјабенк Садлдом“.

За Калгари ова е вкупно 20-ти триумф, трет остварен во дополнително време, па до утре ќе стои на лидерската позиција во Западната конференција, пред Нешвил предаторс.

 

Анахејм дакс го скрши отпорот на Далас старс, па со четири гола во последниот период стигнаа до победа од 6-3. Домаќините се најдоа во негатива од еден гол пред последните 20 минути, а потоа во четири наврати реализираа без одговор од хокеарите на Далас.

Со идентичен резултат, 6-3, Чикаго блекхокс го совлада тимот на Питсбург пингвинс, додека вицешампионот Вегас голден најтс беше подобар од Њујорк ајлендерс со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести